„Нискоградба“ Битола со известување до граѓаните
-При изведување на градежни работи, стабилизација на теренот на ул.„Сту 3“ по договор бр. 08-1301/1 склучен со Општина Битола, настана дефект при што е оштетена водоводна цевка со поголем дијаметар. Екипи на КЈП-Нискоградба Битола и ЈКП Водовод Битола работат на санација на дефектот.
Се известуваат граѓаните дека заради вакви непредвидени дефекти роковите согласно договорот ќе бидат пролонгирани, објавија од КЈП Нискоградба Битола.