
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Зоран Стојчевски е избран за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола. Веста за назначувањето, за АПЛА ја потврди самиот Стојчевски. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ по изборот на Стојчевски за АПЛА изјави - "Зоран Стојчевски е назначен за претседател на ОО на СДСМ Битолс. После долги консултации со членство, од денес очекувам сите да застанат позади новото раководство на општинската. Крајната цел е разобиличување на оваа ненародна власт како на централно така и на локално ниво, изјави Димитријевиќ. Лидерот на СДСМ Венко Филипче се одлучи за највозрасниот кандидат од шесте кандидати кои беа пријавени на јавниот оглас на партијата за Битола.
Стојчевски е актуелен член на Централниот одбор на партијата и поранешен советник во Советот на Општина Битола. Текст Анета Блажевска
