2win800x200

Апелацискиот суд Битола одлучи - Гинекологот Мухамед Асани оди во затвор за случајот со Веапоска од Дебар

Април 30, 2026

Гинекологот Мухамед Асани пред две недели правосилно е осуден на казна затвор од три години, зашто на Јалдз Веапоска од Дебар ѝ ги извади матката, јајчникот и бубрегот при царски рез. Како што дознава „Слободен печат“, Апелациониот суд Битола ја одбил неговата жалба и ја потврдил затворската казна за тешки дела против здравјето на луѓето. Исто така, Апелациониот суд за гинекологот Асани ја потврдил и споредната санкција – пет години забрана да врши професија, дејност или должност лекар.

Другите двајца гинеколози што беа обвинети во овој предмет, синот на Мухамед Асани и тогашен специјализант Блертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, ќе бидат повторно судени на 6 мај, бидејќи Апелација го врати предметот за нив на повторно одлучување откако првостепениот суд ги ослободи.

Одбиени се жалбените наводи на Асани, дека медицинското супервештачење кое придонесе тој да се огласи за виновен,  било извршено од доктори вработени во приватни ординации. Според судот, тоа е дозволено.

Оттогаш предметот беше во опасност да застари, на што Веапоска алармираше постојано. Според пресудата од Апелација, како последица од неподобниот начин на лекување на доктор Мухамед Асани, Веапоска останала без три здрави органи – матка, јајник и лев бубрег, органи што таа ги имала пред да влезе во болница за да се изврши рутински оперативен зафат – пораѓање со царски рез.

Асани е осуден зашто од 27 август 2020 година па натаму, како лекар специјалист гинеколог во струшката болница, при укажување медицинска помош на Веапоска несовесно постапил и применил очигледно неподобен начин на лекување. Откако Веапоска била примена на гинеколошкото одделение во Општата болница Струга, во 40-недела од бременоста ѝ бил направен царски рез кој завршил без компликации.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани