
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нови жители во Зоолошката градина во Битола!
"Денес им посакуваме добредојде на нашите најнови жители. Живеалиштето на нашето семејство елени лопатари сега е порадосно за прекрасни малечки еленчиња.
Големиот татко елен, препознатлив по своите впечатливи рогови гордо ги покажува своите малечки на нашите вработени и посетители.
Грижливата мајка кошута, нежно и внимателно го следи секој чекор на своите младенчиња.
А бебенцата еленчиња, уште сега знаат само за игра и радост на се што ги опкружува и со љубопитност го истражуваат светот околу себе.
Заедно тие ни покажуваат колку се важни семејната поврзаност, заштитата и грижата во животинскиот свет.
Дојдете во ЗОО Битола и откријте ја нивната нова приказна исполнета со нежност и хармонија", објавија од Зоолошката градина во Битола. 
