
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска во Скопје по кусо боледување почина Владо Јаневски (65), еден од најпопуларните македонски пејачи и автори. Јаневски во август требаше да одржи концерт во Охрид, кој се рекламираше на почетокот на годината, па потоа се откажа. Како што ни рекоа соработниците на пејачот, тој се лекувал во една од скопските приватни болници во последниве неколку месеци. Последниот настап за кој објави на социјалните мрежи е од март, кога ѝ беше гостин на хрватската пејачка Весна Писаровиќ на нејзиниот концерт во Филхармонијата. Јаневски одржа заеднички концерт со Момчило Бајагиќ-Бајага на 14 февруари во Скопје, а две недели потоа настапи на „Златна бубамара на популарноста“.
