2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Привилегиите треба да се движат кон граѓаните, а не кон пратениците, порача Александар Кирацовски

Декември 22, 2018

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија смета дека привилегиите треба да се движат кон граѓаните, а помалку кон пратениците. Пратениците којшто егзистираат  во Собранието на Република Македонија согласно Деловникот којшто важи во овој момент се доволно и од повеќе привилегирани. Сега дојде време граѓаните да го добијат она што го заслужуваат, вработувања, нови инвестиции, нови работни места и подобро платени работни места“, изјави генералниот секретар на СДСМ и пратеник  од Битола Александар Кирацовски.

Како што рече Кирацовски„не смееме, да размислуваме во тој правец, оној којшто бил избран и именуван функционер, избран од граѓаните, утре да биде попривилегиран повеќе од граѓаните и да оди на работно место кое што впрочем можеби го заслужува некој од граѓаните, додаде тој .

Пратеници од собраниската група за реформи предложиле да се донесе нов закон за подобрување на статусот на народоните избраници по истекот на мандатот.  Иако се тврдеше дека ова тело ќе  ги подготвува законите неопходни за преговори со Европската унија, сепак пред него се најде и овој закон.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани