АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Остри реакции во јавноста предизвика денеска одржаното Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз – Битола, каде во медиумите е објавено дека Златко Талевски добил скоро комплетна поддршка за претседател на ОФС –Битола до 2021 година.
До редакцијата на апла.мк со реакција се јавија повеќе истакнати спортски работници од градот и претставници на фудбалски клубови од територијата на ОФС-Битола.
Претседателот на ФК Пелистер, Пеце Стојчевски реагира дека според објавената фотографија во медиумите од одржаното Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз – Битола, „десеттина лица кои се наоѓаат на фотографијата не се делегати на Собранието, а уште помалку имаат врска со фудбалот“.
Претседателот на ФК Новаци , Борче Јовановски , пак вели дека „на фотографијата се лица кои се блиски роднини со членовите на Управниот одбор на ОФС-Битола , татко, брат и со Собрание и фудбал немаат ништо заедничко, а уште помалку со делгатски мандати“.
Љубомир Крстевски, интернационален судија од Битола , пак вели дека на Собранието има лица кои „беа фудбалски судии , но по моите сознанија тие според последното изборно собрание на ОФС-Битола не се делегати што може да се види од списите добиени од Централен регистер“.
Спортскиот работник и тренер Кире Грбевски вели дека „на Собранието нема тренери, ниту пак спортски работници“.
Зоран Стојчевски кој ја води екипата на ФК Црна Река прашува „ со кого овие од ОФС-Битола прават собрание? Каде им се претставниците на клубовите, како ние-Буково, Долно Оризари, Горно Оризари, Поешево, Космос , Победа...?
Инаку гол.мк пишува дека „на денешното редовно Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз - Битола, Златко Талевски доби скоро комплетна поддршка за претседател до 2021 година. Исто так потврден е и постоечкиот Управен одбор на Сојузот. На Собранието на кое присуствуваа 39 делегати, дури 30 гласаа за Талевски. Дел од собранието беа и претставници на Фудбалската федерација на Македонија, чија членка е ОФС Битола. Талевски е долгогодишен фудбалски работник, член на Управниот одбор на ФФМ и поранешен судија.
Фудбалската федерација на Македонија долго очекуваното Собрание за избор на нов претседател го закажа за 17 март во Охрид“.