АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најдобрите млади соло пејачи оваа сабота (02.03.2019) пред стручното жири составено од светски реномирани музички имиња ќе ги покажат своето знаење и талент на специјалниот настан кој ќе се одржи од 10 до 16 часот во Државното музичко училиште во Битола.
Влезот е слободен, а победниците во различни категории истата вечер, во 20 часот, ќе учествуваат на големиот Гала концерт во Народен театар Битола.
Ова музичко доживување го организира Ротари клуб – Битола, а истото е поддржано од Општина Битола, Државно музичко училиште Битола, Млекара АД Битола и Народен театар Битола.