АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Средното економско училиште во Битола „Јане Сандански“ останаа десетици слободни места за вториот уписен рок.
Според информациите од училиштето за апла.мк во четири годишно образование струка- економски техничар во првиот уписен рок се запишале 95 ученици од предвидените 136, што значи слободни се уште 41 место. Во тригодишната насока деловен асистент се запишале само 7 ученици од предвидените 34 места.
Во целост деветоодделенците покажаа слаб интерес за стручните училишта во градот.