АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Силното невреме го зафати и село Стење и тоа за време на туристичка сезона. Весна Арсовска Митревска, жителка на Стење, вели дека толку силно невреме не паметат со години наназад. Бурата ја споредуваат со ураган. Селото нема струја. Низ улиците испаѓани се искорнати дрвја, искинати електрични кабли, на сите страни има паднати керамиди, дел од куќите се без оџаци, а огромна е и штетата врз овоштарниците и другите земјоделски култури.