2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Евергрините на Сашка Петковска не се забораваат

Август 31, 2019

Песните  на Сашка Петковска не се забораваат, тие се евергрини кои со задоволство ги слушаат и новите генерации. Денес се навршуваат 36 години од нејзината трагична смрт во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Свети Николе, а имаше само 32 години кога почина. Битола до денес не ја заборави, на забави се пејат нејзините песни, а музичарите до денес ја издвојуваат како еден од најдобрите женски музички гласови што произлегле од Битола. Изградила богата музичка кариера, снимила неколку плочи, а хитовите „Бакни ме“, „Никогаш, никогаш“, „Чао адои“, „Запри срце“, „Гриша“ и други останале да се пеат до денес.

Пред девет години за Сашка Петковска беше посветена и манифестацијата „Незаборав“, во организација на продуцентот Панде Димитровски. Пред преполната сала на Народниот театар во Битола, нејзините песни ги испеаја сум реномирани пејачки од Битола. „Бакни ме“ ја изведе Маргарита Христова, „Чао адио“ Билјана Дамјановска, „Пушти ме како птица“ Марина Коруновска , па следуваа изведби на Анета Мицевска, Анета Ефтимова, Андријана Ацевска, Марија Митровска и Ирена Димовска.

Bitfest2010 NezaboravSaska 4

„Незаборав“-2010 посветен на Сашка Петковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани