АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Итна санација на покривот на Сарајот во Ресен, констаирал министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, при денешната посета на овој објект, што е едно од најзначајните културни наследства во неокласичен стил, изграден пред повеќе од еден век.
При утврдувањето на проблемите со покривот на Сарајот, вработените го запознаа министерот Алаѓозовски со несоодветните простории, во кои биле приморани да депонираат илјадници копии од т.н. капитални преводи од поранешната Влада, што претставува своевидно „Скопје 2014“ во издаваштвото според обемот на можни злоупотреби.
Вработените во ресенскиот Сарај предложија да се направи меморијална соба на Младотурската револуција и улогата на соработникот на Кемал Ататурк, Нијази Бег.
Министерот Алаѓозовски, заедно со директорот на Завод и Музеј Битола, Александар Литовски, остварија средба со ресенскиот градоначалник Живко Гошарески, при што беше потврдена идната потесна соработка помеѓу општината Ресен и Министерството за култура, со оглед на тоа што овој град имал богат културен живот, кој во последниве години беше речиси целосно запоставен.
Средбата се одржа во присуство и на граѓански активисти од културата на Ресен, кои ја истакнаа потребата од мултифункционален простор за различни филмски, музички, театарски перформанси и други културно – уметнички настани што би се одвивале преку целата година. Сите соговорници се согласија дека обновувањето на старото кино би можело да ја извршува таквата функција.
По посетата, министерот Роберт Алаѓозовски на својот ФБ профил напиша
„Малото кино да прерасне во културен простор, да го санираме сарајот на Нијази бег итно - потребите на Ресенчани. Ќуќата на Татарчев - утка!“
„Институциите претрупани од купишта примероци од т.н. капитални проекти. Скопје 2014 во издаваштвото. Медицински учебници на албански во Ресен“