АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на пензионери денеска го одржа последното собрание на пензионери на кое просуствува и градоначалничката Наташа Петровска.
-На Собранието ќе ја донесеме програмата за работа и финансискиот план за 2020 година. Предвидуваме активности кои се во насока на подобрување на животот на пензионерите, рече претседателот на Здужението на пензионери Томе Димитровски
- Најголемата работа што ја направивме оваа година е што купивме објект во близина каде што ќе отвориме клуб на пензионери.Целта ни е да имаат место каде што ќе го поминуваат слободното време, рече Димитровски.
Градоначалничката Петровска им ја честита Новата година на пензионерите и им посака добро здравје.
- Онака како што и досега ни даваа добри совети и мудрост да одиме сите напред да продолжиме и во новата година , рече Петровска.