2win800x200

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат корона вирусот на луѓето

Март 19, 2020

Нема докази за вмешаност на животните (добиток и домашни миленици) во ширењето на корона вирусот и нема потреба за преземање на мерки што можат да ја загрозат благосостојбата на животните.

Од почетокот на глобалното ширење на корона вирусот (COVID-19), Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) соработува со Светската здравствена организација (СЗО) и Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) за поддршка на земјите членки во идентификување на потенцијални домаќини на овој вирус кај животните и спречување на негово пренесување на луѓето.

Истрагите да се разбере епидемиологијата на COVID-19 и вклученоста на животните како резервоар на вирусот или привремени домаќини, се во тек. Во овој момент, сепак, најголем ризик од ширење на COVID-19 е пренесувањето од човек на човек. Оттука, СЗО е надлежен и примарен извор на информации во врска со човековите здравствени аспекти на ширење на вирусот.

ФАО континуирано ги следи и споделува информациите за состојбата со корона вирусот на глобално ниво и ги координира активностите за превенција, подготвеност и откривање кај животните во соработка со СЗО и ОИЕ, по принципот на единствен здравствен пристап One Health.

Наместо тоа, ФАО ги промовира вообичаените хигиенски практики на миење раце пред и после контакт со или хранење на добиток и домашни миленици, вклучително и внимателно ракување со месо од диви животни, во согласност со нормалната добра практика. 

Од почетокот на појавата на COVID-19, ФАО активно ги промовира хигиенските практики и новостите за епидемијата преку своите комуникациски канали на глобално ниво и ја советува јавноста да ги земе предвид следниве пораки:

  • Во моментов нема докази дека кучињата играат улога во ширењето на COVID-19. Како општа пракса, при грижата за кој било вид на животни, секогаш мијте ги рацете пред и после комуникација со нив.
  • Луѓето не треба да ракуваат, колат, продаваат, подготвуваат или консумираат месо што потекнува од диви или домашни животни кои се болни или кои умреле од непознати причини.
  • Не треба да се консумира сирово месо од дивеч или необработени јадења кои содржат крв од диви животни. Овие практики ги доведуваат луѓето во висок ризик од заразување со бројни инфекции.
  • Било каква невообичаена болест или смрт кај животните треба да се пријави кај надлежните органи за здравјето на животните.

Со цел да придонесе за превенција и контрола на ширењето на корона вирусот, ФАО препорачува сите активности да бидат координирани со еден здравствен пристап, односно тесна соработка меѓу експертите за здравјето кај животните, луѓето и животната средина.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани