АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во последните два месеца, откако глобално а сега веќе и локално, се соочуваме со новата закана наречена KOVID 19, често се споменува споредбата помеѓу оваа нова болест и сезонскиот грип. Иако помеѓу двете болести постојат сличности, разликите меѓу нив се големи, пишува Тони Коњановски, доктор епидемиолог на својот фејсбук профил.
Што имаат заедничко коронавирусот и грипот?
И двете болести се вирусни, но за разлика од вирусот на грипот, кој спаѓа меѓу најистражуваните, новиот коронавирус сè уште претставува загатка за научниците.
Понатаму, двете болести се шират по капков-воздушен пат, вклучувајќи кивање и кашлање.
Станува збор за нов вирус и ние сè уште учиме од трагичните искуства на другите и од она што епидемиологијата не учи, како да се однесуваме. За грипот знаеме многу, како да се справиме со него и што тој прави. Кај новата болест сè уште не знаеме точно кои се нејзините механизми на ширење, сезоноста и сл. Соочувајќи се со голема инфективност (заразност), но сепак мала смртност во однос на нејзините роднини САРС-от и МЕРС-от, немајки специфична терапија и вакцина, единствено што ни останува е строго да ги применуваме препорачаните мерки на заштита и подобро да ја запознаеме, пишува Коњановски.
За подобра споредба ги објавува и следните табели: