2win800x200

Испочитувани протоколите и за вториот пациент со КОВИД-19 кој се лекувал во Битолската болница, рече директорката на Здравствениот инспекторат

Април 26, 2020

Пацинетот бил изолиран и протоколите биле почитувани, рече  Иринка Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат  за вториот битолчанец кој бил хоспитализиран во Клиничката болница во Битола, а по неколку дена се покажало дека е позитивен на КОВИД-19. 

Таа од новинарите беше запрашана дали е направен увид за случајот со пацинетот кој оваа недела се лекувал на Интерно одделение, првиот тест се покажал негативен, а дури на вториот позитивен на коронавирусот, па бил префрлен на Инфективното одделение во Болницата.

Сотирова Бухова одговори дека досега се направени два надзора во Болницата, првиот за пацинетот со психијатриска дијагноза и сега за вториот пацинет и дека било констатирано почитување на протоколите.

„Направен е надзор е направен и за овој пацинет. Сместен е во посебна соба изолиран, со почитување на протоколите. Доколку пацинетот се носи на одредено друго испитување, алгортитамот, патеката по која пацинетот е носен е секојпат носен со заштитна маска, персоналот кој се грижи за тој пацинет е со комплетна лична заштитна опрема зашто секој потенцијален     пацинет што се прима во овој период како итен се третира како потенциојално позитивен за коронавирус се до моментот додека не се добие позитивен или негативен резултат. Во оној момент кога пацинет кој е сместен во Интерно или на било кое друго одделение кога ќе се добие позитивен резултат за КОВИД-19 по истиот протокол со заштитна маска која ја носи пацинетот и персонал со комплетна лична заштита опрема е транспоретиран на Инфективното одееление во болницата“, рече директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани