АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И оваа пролет воодушевуваат коњите кои пасат на горните ливади над Ниже Поле на Пелистер. Колку и да изледа се диво во оваа планинска убавина, коњите се питоми, па може да ги помилувате или да им дадете храна. Тоа се коњи во сопственоста на жителите од потпелистерското село Ниже Поле. Прекрасните моменти со овие скротени животни на Пелистер со фотоапарат ги улови настваничката по одделенска настава Гордана Угриновска и ги сподели со нас и нашите читатели. Прекрасна глетка во која многумина ќе можат да уживаат искачувајќи се на Пелистер и сменувајќи ја мислата за коронавирусот која постојано не оптоварува.