АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заклучно со 21.05.2020 во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се вкупно 679 брисеви за COVID-19.
Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 31 лице, од кои 28 се со место на живеење во Битола (во овој број е вклучено и едно лице од таргетираниот скрининг во градинките), 2 во Кичево и едно лице во Демир Хисар.
Возраста на заболените се движи од 5 до 85 годишна возраст ,а во однос на дистрибуцијата по пол заболени се 17 лица од машки и 14 лица од женски пол, информираат од Центар за јавно здравје- Битола.
Од вкупниот број на заболени лица, 9 се здравствени работници (8 од Битола и еден од Демир Хисар) и сите се оздравени.
Вкупно 290 лица се ставени под здравствен надзор во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице или од враќањето од ризична земја.