2win800x200

Уште две улици во Долно Оризари добија асфалт

Мај 26, 2020

Нови две улици (9-та и 17-та) во Долно Оризари во должина 335 метра добиваат асфалт, во вредност од 1.860.000 денари.

Заедно со претходните 5 улици, ЈКП „Водовод“ менуваше водоводни приклучоци во вредност од 324.000 денари, а КЈП „Нискоградба“ работеше на подигнување на шахти и нови капаци, во вредност од 480.000 денари. Проектот го реализира Општина Битола, а  администрирањето се врши преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид во градежните активности. Локална самоуправа инвестира околу 6,5 милиони денари во над 2700 метри квадратни  во улици.

Во тек е постапката за реконструкција на нови 7 улици во Долно Оризари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани