АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претставници од Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија - Скопје, денес го посетија ОУ „Гоце Делчев“ – Битола. На ученичката Антониа Цветаноска и беше доделена првата награда од државниот литературен конкурс на тема „Холокаустот низ призмата на детските очи“, а ученичките Јована Мирчева и Дона Ѓоргиевска добија пофалници. Благодарници беа доделени на директорката Биљана Стојковска и на менторот на трите ученички, м-р Емилија Прчкова. Поради актуелната состојба со Ковид 19, изостана традиционалната манифестација која секоја година се организира во просториите на Меморијалниот центар на Холокаустот, па затоа наградата беше врачена во училиштето. Сите присутни изразија подготвеност за идна соработка во рамките на нови проекти.