2win800x200

Во Ресен потврден првиот случај на коронавирусот од почетокот на кризата

Јуни 10, 2020

Ресен после три и пол месеци од почетокот на кора кризата во државата со забележа првуот дијагностициран случај на КОВИД-19  во Преспа. 

-Ресен од почетокот на пандемијата го бележи првиот случај , позитивен на Ковид -19.
Во теков на денешниов ден на терен се присутни тимови од центарот за јавно здравје , кои спроведуваат епидемиолошко истражување за сите кои биле во контакт со лицето , за кое резултатот е позитивен .
Повикав итна седница на кризен штаб, за која дополнително ќе бидете известени за сите мерки и активности.
Место за паника нема. Препораките остануваат исти, мерките остануваат исти . Одржување на дистанца, носење заштитни маски, редовна хигиена, само на ваков начин ќе го победиме овој невидлив непријател .
И општина Ресен, и јас како градоначалник, но и Вие како одговорни граѓани, мора сите заеднички да дадеме се од себе за што побрзо исчезнување на невидливиот непријател од нашата општина., напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Живко Гошаревски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани