АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Еден од вработените во ресторанот „Две лири“ во Ресен е позитивен на КОВИД-19, објави раководителот на ресторанот на Фејсбук профилот. Пред два дена Ресен го регистрираше првиот случај на заболен од коронавирус од почетокот на кризата.
-Како раководител на ресторан кој што спаѓа на една во најранливите категории во борбата со COVID 19 ние самоиницијативно се решивме да се тестираме каде што тестовите испаднаа негативни.
Но во самото тестирање беше вклучен вработен со симптоми на грип.
Истиот беше тестиран во приватна болница во Скопје и од 2 теста касно вечерва, добивме информација дека на еден од нив за жал е позитивен.
Со цел да се заштити персоналот и сите наши муштерии ресторанот Две Лири ќе биде превентивно затворен во наредните 14 дена.
Целосно стоиме на располагање на службите со цел локализирање на ширењето, пишуваат од ресторанот „Две лири“ на ФБ.