2win800x200

Четири нови случаи со КОВИД -19 во Битола, вирусот зема замав во државата потврдени 196 случаи

Јуни 13, 2020

 Во Битола денеска се  потврдени 4 нови случаи на КОВИД-19, со што бројката се искачи на 34 позитивни од почетокот на кризата. 

Во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 90
- Куманово 17
- Штип 5
- Прилеп 1
- Тетово 45
- Струга 8
- Велес 1
- Битола 4
- Охрид 11
- Гостивар 8
- Крива Паланка 1
- Пехчево 2
- Свети Николе 1
- Ресен 2

Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

- Скопје 3
- Куманово 1
- Штип 2
- Прилеп 4
- Велес 1

Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани