АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Ресен за само неколку денови бројката на заразени од коронавирусот се искачи на 19. Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски соопшти дека денес се одржа итен состанок на Кризниот штаб. На состанокот службите од Центарот за јавно здравје- Битола кажаа дека во Ресен има вкупно 19 заболени од КОВИД-19 од кои 10 се асимптоматски и се во домашна изолација, 8 лица се хоспитализирани и се во стабилна состојба, а едно лице почина пред неколку денови.
Според епидемиолошките истражувања, 90 лица се ставени под здравствена изолација. Во текот на денешниот како и утрешниот ден, очекувам бројот на заболени да се зголеми , како резултат на земените тестови по што очекувам стабилизирање на состојбата“, вели Гошаревски.
Инаку, најголемите индустриски капацитети во Преспа „Свислајон-Агроплод“ , „Хатекс“ и „Стењетекс“ ги затвораат погоните со што максимално ќе се намалиле контактите, групирањето и движењето на луѓето.