АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По убавото време и невообичаено високите температури за овој период од годината, метеоролозите од утре најавуваат снег.
Врнежите ќе започнат уште во текот на ноќта, а во западните делови од земјава ќе се формира и снежна покривка, која на повисоките места ќе достигне и до 10 цм.
Сепак, врнежите ќе престанат на пладне, а во текот на денот ќе дува и засилен северозападен ветар.
Минималната температура во Битола утре ќе биде 1 степен, а максималната 7 целзиусови степени.
Во наредните денови времето ќе биде суво и стабилно, со магла во котлините.