2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Старото училиште во Преспа ќе стане центар за промоција на македонскиот јазик

Јуни 17, 2020

Заборавеното и разурнато училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно ќе се обнови и ќе стане Центар за промоција на македонскиот јазик, објави СДК.МК. 

На 15 ноември 1945 година во ова училиште се одржал првиот час на македонски јазик во Преспа, и е второ училиште во Македонија, по она во кичевското село Подвис, каде се држела настава на мајчин јазик. Сега ,76 години подоцна училиштето стои распаднато, разурнато, обраснато со треви и непознато за пошироката јавност.

Денеска, на двегодишнината од потпишувањето на историскиот Преспански договор (на 17 јуни 2018 во селото Нивици на Преспанското Езеро) со кој се разреши тридеценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција,  ќе почне трансформацијата на училиштето „Димитар Влахов“ во Центар за промоција на македонскиот јазик.

ВО  Владата се работи на идејата овој значаен објект за македонскиот јазик да прерасне во место кое ќе го промовира јазикот и ќе биде посетувано не само од домашни туку и од странски туристи. Најпрво ќе се прави проект за комплетна реконструкција на објектот, кој ќе го има некогашниот карактеристичен изглед  и потоа ќе биде претворен во Центар за промоција на македонскиот јазик. Во Центарот посетителите ќе можат да добијат информации за настанувањето и озаконувањето на македонската азбука и воведување на македонскиот јазик за службен јазик во државата, пишува СДК.МК 

Целиот текст на линк https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zaboravenoto-uchilishte-vo-prespanskoto-selo-lubojno-na-dvegodishninata-od-prespanskiot-dogovor-ke-stane-tsentar-za-promotsija-na-makedonskiot-jazik/

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани