2win800x200

Вирусот во Битола се шири со геометриска прогресија, ако продолжи вака за еден месец ќе достигне 200 случаи

Јули 21, 2020

 

Бројот на заболени од КОВИД-19 во Битола расте со геометриска прогресија, тоа значи дека бројките на заболени се дуплираат, анализира професорот на Техничкиот факултет од Битола Дејан Трајковски. Ако продолжиме вака, вели професорот од сегашните 94 би стигнале до 200 случаи за околу еден месец. 

115749594 835167943678392 6357912793841483590 n

 

-Во Битола подмолно стартуваше експоненцијалниот раст на бројот на Ковид-19 случаи и моментално е во тек зголемување на вкупниот број по геометриска прогресија. Тоа со голо око сé уште не се гледа на обичната линеарна скала на првиот дијаграм, но на логаритамската скала (на вториот дијаграм) правата линија после 12 јуни укажува на експоненцијален раст. Тоа значи дека во еднакви временски интервали бројките не растат во еднакви чекори, туку се дуплираат.
Времето на дуплирање на бројот на дијагностицираните случаи во Битола (а заедно со нив и на скриените, асимптоматски случаи и потенцијални заразувачи) моментално е 26 дена. На почетокот темпото на додавање на нови случаи е бавно, а потоа станува се побрзо (епидемијата забрзува), бидејќи базичниот репродукционен број R0 во Битола е над единица веќе повеќе од еден месец. Ова е понеповолно отколку на ниво на целата држава, каде што R0 е практично единица и имаме рамномерен, а не експоненцијален раст. На ниво на држава, додуша, темпото на раст (пропорционално на бројот на жители) засега е прилично поголемо.
Тоа не значи многу, затоа што ако продолжиме вака, од сегашните 94 би стигнале до 200 случаи за околу еден месец, а за уште еден месец и до близу 400. Ситуацијата повеќе не ни е добра и бара повеќе дисциплина, порачува Трајковски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани