2win800x200

Емилија Јошевска од УМС на ВМРО ДПМНЕ ќе ја замени Олга Лозановска во Битолскиот совет

Август 05, 2020

 

Емилија Јошевска од УМС на ВМРО ДПМНЕ Битола ќе ја замени во Советот на Општина Битола досегашната советничка Олга Лозановска која стана пратеник во Собранието на Р.С.Македонија. Јошевска на листата за советници е на 13 место, но правило во Советот  е да се почитува родовата еднаквост, па ако замине жена да се надополни советничката група со жена.

На веќе закажаната седница на Советот  на Општина Битола на 11 август, Советот ќе констатира престанок на мандатот на досегашниот советник Олга Лозановска заради неспоивост на функцијата член на Советот  и пратеник, потврдува претседателот на Советот Валентин Груевски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани