АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пазарниот инспекторат во Скопје, покренал постапка за затворање на два објекти во Битола бидејќи работеле и по работното време предвидено со закон. Ова ги иритира жителите кои живеат во близина на кафетериите и рестораните, затоа се принудени да се јавуваат во полицијата за истата да интервенира.
„Пазарниот инспекторат на терен забележал неколку нерегуларности во Битола и Кичево, каде неколку угостителски објекти работеле и по работното време предвидено со закон. Во Кичево е покрената постапка за еден ресторан кој бил отворен и по 1 часот по полноќ. Истиот по постапката ќе биде затворен од 10 до 30 дена и ќе следи парична казна. Во Битола два угостителски објекти се веќе затворени и нема да работат по 10 дена“, велат од пазарниот инспекторат за ТВ 21.
https://tv21.tv/mk/lokalite-ne-go-pochituvaat-rabotnoto-vreme-zatvoren-eden-restoran-vo-kichevo-i-dve-kafeterii-vo-bitola/