2win800x200

Битолчани пред сериозен проблем – заразените ги кријат контактите

Август 14, 2020

 

Криењето на контактите на заразените лица е голема мака со која Битола се соочува во справувањето со корона вирусот во последниот период. Ова како сериозен проблем за ширењето на корона вирусот во Битола го предочува и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која е и координатор на Кризниот штаб.

„Според констатациите од здравствените работници криењето на контактите на заразените лица е навистина сериозен проблем. Лицата кои веќе се заразиле со Ковид-19 мора да мислат на здравјето на другите, при што нема да ги кријат контактите кои ги оствариле во изминатиот период, а со тоа ќе придонесат за спречување на ширење на вирусот. Во случаите во кои се доставуваат доволно податоци за контактите, се создава можност за заштита на сите потенцијално ризични групи, но онаму каде што податоците се скриени, се создаваат можности за појава на нови кластери“, вели градоначалничката Петровска за „Независен“.

Целиот текст на овој линк

https://nezavisen.mk/bitolchani-pred-seriozen-problem-zarazenite-gi-krijat-kontaktite/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани