АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поради дотраеност на воодводната мрежа рано изутрина околу 4 часот настана голем дефект на водоводната инфраструктура на улицата „Стив Наумов“ во Битола. За неколку часа екипите на ЈКП „Водовод“ успееја да го санираат дефектот и да го нормализираат водоснабдувањето.
-Дефект настана на водоводната мрежа AZC 200 на улица „Стив Наумов“, таму водоводната инфраструктура е премногу стара и поради дотраеност на цевките само оваа недела се јавија три дефекти. Екипите на ЈКП „Водовод“ веднаш излегоа на терен и ја санираа состојбата со цел нормализирање на водоснабдувањето, изјави Горан Козаров директор на ЈКП „Водовод“ Битола.