2win800x200

Во Битола денес нема новозаболени, минатата недела имало вкупно 18 позитивни

Август 17, 2020

 

Денес во регионот на  Центар за јавно здравје- Битола се регистрирани 9 нови случаи на COVID-19:
 
- 7 во Демир Хисар (лица на возраст од 27 до 61 годинa, 1 лице е вработен, а 6 се пациенти во Психијатриска болница- Д.Хисар)
- 2 во Кичево (лица на возраст од 19 и 47 години, едно лице од новорегистрираните дава податок за контакт со веќе регистрирани позитивни лица).
 
Во Ресен и Битола денес нема новорегистрирани лица.
 
Денес се регистрирани 9 оздравени лица (2 од Битола, 2 од Ресен, 2 од Д.Хисар и 3 од Кичево).
 
Минатата седмица (10.08.2020-16.08.2020) во регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола беа регистрирани 76 случаи на COVID-19  од кои 18 во Битола, 47 во Кичево и 11 во Демир Хисар,  додека 68 лица беа регистрирани како оздравени (19 во Битола, 35 во Кичево, 5 во Ресен и 9 лица во Д. Хисар).
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани