2win800x200

Од денешните 6 новозаболени, дури пет лица се од ист семеен кластер

Септември 04, 2020

 Шест новозаболени од КОВИД-19 се регистрирани денеска во Битола , од нив дури 5 се од ист семеен кластер, меѓу нив и 11  годишно дете.

Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 11 нови случаи на COVID-19

- 6 во Битола (лица на возраст од 11 до 78 години, пет лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице, и се поврзани во еден фамилијарен кластер);
- 4 во Кичево (лица на возраст од 23, 32, 64 и 66 години; лицето на возраст од 64 години почина во ГОБ 8 ми септември во Скопје; останатите не даваат податок за контакт со позитивно лице);
- 1 во Ресен (лице на возраст од 35 години, не дава податок за контакт со позитивно лице).

Во Д.Хисар денес нема новозаболени лица.

Денес се регистрирани и 10 оздравени лица (6 од Кичево и 4 од Битола).

ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани