АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поради здобиени тешки повреди, скршеници на пршлени и ребра како и крварење во стомак од Општа болница Велес во Ургентен центар Скопје е пренесен В.В (56) од Битола. По реанимирањето и укажаната медицинска помош на Хирушкото одделение во моментов за транспорт се подготвува и неговата сопруга С.В (54). И таа се здобила со повеќе скршеници и има крварење за што е потребен по специфичен третман на лекување пишува порталот Дума. http://duma.mk/
-Единствено нивната ќерка Е.В (18) има полесни повреди. Таа е надвор од животна опасност но бидејќи е лице со посебни потреби велешката болница и неа ќе ја пренесе на лекување во скопскиот Клинички центар, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.
Семејството од Битола се здоби со потешки и полесни повреди, ќерката, во сообраќајната несреќа што претпладнево се случи на автопатот Велес – Скопје, после напратната рампа кај Отовица. Таму од засега непознати причини, нивното возило се превртело во движење..
Први на местото на несреќата интервенираа две екипи на Итна медицинска помош со две возила на Здравствен дом Велес.
-Во моментот на интервенција на лекарите од Итна помош пациентите биле свесни со здобиени потешки повреди кај еден маж и една жена додека помладата пациентка се здобила со полесни повреди. Тројцата пациенти по укажаната прва помош се транспортирани на Хирушкото одделение во Општа болница Велес“, рече д-р Василка Пановска Поп Стефанова, портпарол на Здравствен дом Велес.
На местото на несреќата увид изврши екипа на СВР Велес од чии резултати ќе се утврдува причината за несреќата. По автопатот се одвива сообраќај