АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Надминат е техничкиот проблем кој се појави утринава при аплицирањето на граѓаните на Општина Битола на јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во општината за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, информираат од локалната самоуправа
Страницата btsubvencii.mk повторно ќе биде ставена во функција во 19.30 часот вечерва
-Дотогаш, сите граѓани кои аплицирале во периодот од 08:00 до 08:43, а не добиле повратна информација, ќе добијат известување на внесената мејл адреса, за статусот на аплицираното барање. Се молат граѓаните при аплицирањето, да ги следат насоките дадени во упатството за аплицирање, велат од Општина Битола