2win800x200

Општината додели финансиска помош за социјално ранливи категории на граѓани

Октомври 02, 2020

 

Над стотина битолчани ќе добијат финасиска помош од Општина Битола, одлучи Комисијата за финансии и буџет на Општина Битола на вчерашната седница.  Помошта се движи од 3.000 до 15.000 денари. Доделувањето на ваква помош за социјално ранливата категорија на граѓани не е ништо ново за општината , туку редовна пракса година назад.

-Парите се делат по Програма 5,5 милиони и оваа година голем број на граѓани добиваат помош. Годинава преку 1000 граѓани аплицираат за помош од општината, на најголем дел од нив барањата им се прифатени. Максималниот износ на доделените стредства е до 15.000 денари за поединец, се со цел да им се помогне на поголем број на граѓани, вели претседателот на Совет Валентин Груевски.
Битолчани најчесто бараат помош за лекување, плаќање на сметки за исклучена електрична енергија, комуналии.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани