2win800x200

Директорот на ЈП „Пазари“ Атанасовски назначен за заменик претседател на Групацијата на пазари

Октомври 14, 2020

 

Директорот На ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски е назначен за заменик претседател на Групацијата на пазари при Стопанската комора на  Р.С.Македонија, во која членуваат сите организатори на пазари од државата. 

-Оваа функција ќе ја извршувам ефикасно и активно ќе придонесувам за зачувување на дејноста на пазарите , а тоа пред се значи заштита на  самите организатори на пазари , но најмногу на закупците на тезги , производителите  и земјоделците кои продаваат на пазарот . Како прва задача ни е достаување на барање до Владата со што ќе бидеме вклучени во некој пакет од економските мерки што ги предвидуваат за помош на пазарите, вели директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски. 

Атанасовски претходно беше вклучен во одлагање на Законот за трговија на зелените пазари со кој се бараше секој закупец на тезга да има лиценца која требаше да чини 80 евра. 

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани