2win800x200

Филипче-Уште едно крило е отворено во болницата во Битола

Октомври 19, 2020

 

Капацитетите во болниците продолжуваат да се пополнуваат. Веќе се исполнија инфективните одделенија во Струмица, Куманово, Штип, Кочани, нема место во болницата во Прилеп и уште едно крило е отворено во болницата во Битола, кажа министерот за здравство Венко Филипче на брифинг со новинарите пренсува https://press24.mk/

„Пратејќи ги сите овие трендови, анализирајќи ги сите овие нови бројки на заразени, нешто што и беше очекувано и го најавувавме и се случува насекаде во регионот и Европа, на Владата за утрешната седница ќе и предложиме сите економски оператори да работата до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти и препорака  до целата државна јавна администрација работниот процес се одвива во смени или онлајн од одма или редуцирано со систем на ротации.

Сметаме дека ова е пакет на мерки којшто значајно може да го намали бројот.

Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил целосно ограничување на движењето односно полициски час.

Да смогнеме сили да го избегнеме сето ова, заради тоа што ова е начинот за заштита“, кажа Филипче.

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани