АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолскиот Народен театар ги одложи сите претстави и подготовката на новата премиера, поради неколку вработени кои се позитивни на КОВИД19. Оваа информација од НТБ ја соопштија на социјалните мрежи денеска
-Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот Ковид- 19. Веќе се изолирани неколку случаи и во тоа име сакајќи да го заштитиме нашиот колектив а секако и вас драга публико претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време. Исто така одговорно изјавуваме дека сите претстави, проби, промоции, концерти кои беа организирани во изминатитот период беа изведени под силни протоколи и по сите препишни мерки на заштита.