АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И во услови на криза која веќе седум месеци има активно негативно влијание и ограничувања на работата на многу дејности, зелените пазари се обидуваат преку доследна примена на протоколите за работа и мерките за заштита од корона кризата, да се одржат во функција. Дел од нив, особено оние кои работат како посебни јавни претпријатија во рамки на општините, каде единствениот приход им е закупот на тезги и деловни простори кои ги поседуваат, се соочуваат со финансиски проблеми за обезбедување средства за покривање дури и на основните трошоци, информираат од Стопанската комора на Р.С.Македонија во својот економски билтен http://www.mchamber.org.mk/
Сепак, тоа не ги ограничува претпријатијата кои имаат веќе започнати инвестициски активности истите да не ги реализираат. Напротив, вложувања во инфраструктура, проекти за енергетска ефикасност, заштита на животната средина се остваруваат согласно планираното. Во таа насока, преку инвестиција од над 35 илјади евра ЈП „Пазари“ - Битола реализира повеќе инвестициски активности:
-реализирана е реконструкција и замена на доградбата на дуќаните во Градскиот пазар...
Тргнувајќи од креативноста на менаџментот како клучен фактор во поттикнувањето на економскиот развој како дел од стратегиите за развој на претпријатието, „Битолски весник“ на директорот Владo Атанасовски му врачи Признание за постигнувањата во ЈП „Пазари“. Наградата има за цел да го поттикне претприемачкиот дух на менаџерите на јавните претпријатија и секако промоција на успешните примери.