2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Независниот синдикат на судската полиција пoчна преговори со Министерството за правда

Ноември 09, 2020

На денешната средба на на работната група на Независниот синдикат на судската полиција со претставници на Владата и Министерството за правда, акцент бил ставен на  предлогот за изработка на правилник за зголумување на платите на судската полиција за 20 проценти. 

-Средбата може да се кажи дека помина добро.  Претставникот на Владата Милан Живковиќ, кој беше присутен на средбата  побара од Министерството за правда да изготви ваков предлог кој ке го презентира во Министерството за финансии и ќе се заложи како таков да помине. Од страна и на Министерството за правда и од Владата   беше изразено разбирање за проблемите на судската полиција и воља за понатамошна соработка и социјален дијалог за решавање на наталожените проблеми, вели за апла.мк претседателот на Независниот синдикат на судската полиција, Владимир Литовски.
Средбата следи по предупредувачкиот протест на судската полиција во Скопје минатата среда кога претставници на НССП се сретнаа со министерот за правда Бојан Маричиќ
Судската полиција, исто така, бара бенефициран стаж, додатоци за висок ризик и доверливост и додатоци за сменско работење
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани