АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
А, нема подобар начин да се манифестира грижата за децата од вложувањето во нив самите и секако во нивното непосредно опкружување. Затоа oд почетокот на мандатот на локалната самоуправа предводена од СДСМ и од градоначалничката Наташа Петровска досега во детските градинки низ Општина Битола вложени се над 300.000 евра. Отворивме нова, целосно опремена градинка во Кравари, набавена е нова опрема во градинките, комплетно се опремени нови занимални, направена е и реконструкција и реновирање на санитарните чворови, набавена е нова опрема според ХАСАП стандарди во исхраната. До пред три години, децата седеа и газеа по теписони стари триесет, четриесет години. Покривите не беа реконструирани откако биле изградени градинките, а сега зборуваме не само за реконструирани покриви, туку за нова градинка во Битола, за првпат после 30 години.
Во улилиштата вложени се над 5 милиони евра. Повторувам над 5 милиони евра. Најпрвин 4,3 милиони евра за одблокирање на училиштата, за исплата на долговите кои ги натовари ВМРО – ДПМНЕ, долгови кои не дозволуваа нормално функционирање на училиштата, камо ли инвестирање во нив. Само годинава во битолските училишта се вложени над 600.000 евра.
Посветено работиме на намалување и елиминација на детската сиромаштија. Со деинституционализацијата децата ги сместивме во мали групни домови и згрижувачки семејства. Го олеснивме пристапот до гарантирана минимална помош на најсиромашните семејства, обезбедивме правичен и солидарен модел за пристап до детски и образовен додаток.