2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ПИЈАНОФЕСТ-БИТОЛА, НОВ БРЕНД ОД СВЕТСКИ РАЗМЕРИ

Декември 15, 2020

Во Битола по втор пат, се одржува меѓународниот натпревар „Пијанофест 2020“, на кој учествуваат 148 натпреварувачи од 19 држави од целиот свет: Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Малта, Литванија, Црна Гора, Молдавија, Белорусија, Хрватска, Израел, САД, Романија, Словенија, Јужна Кореа и Косово. 

 
Натпреварот го организира здружението „Пијано”, чии основатели се пијанисктите од Битола Јана Четелева Белевска и Марија Шамоска Буџаковски. 
 
Оваа година, поради ситуацијата со ковид- 19, натпреварот се одржува  онлајн. Натпреварувачите ќе бидат оценети од врвно жири во состав: Даница Стојанова - Македонија, Милица Шкариќ - Македонија, Петар Младеновиќ - Србија и Маргарита Вујовиќ - Русија, Србија. 
 
Во тек се оценувањата на пријавените натпреварувачи од страна на стручното жири, по што, после 20 декември, ќе бидат објавени резултатите и лауреатите.
 
За најдобрите, ќе бидат доделени и парични награди. „Пијанофест“ е нова успешна приказна за Битола, која го претставува градот и го популизира не само во домашни, туку и во светски рамки.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани