АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Владата на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет мерки и препораки, за период од 18 декември до 20 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 во претстојниот период на празници“, информираше премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која заедно со министерот за здравство ги соопштија најновите рестриктивни мерки и го најавија почетокот на владината кампања „Празнувај одговорно“.
Мерките се однесуваат на ограничување на работното време на угостителските објекти кои ќе работат до 18:00 часот, забрана за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, од страна на општините, работните организации, и забрана за работа до 21:00 часот на рестораните во хотелските објекти. Со мерките се опфатени и јасни препораки до верските заедници, да не повикуваат на масовни собири и групирања за време на претстојните верски празници.
Премиерот Заев објасни дека овие мерки се носат со цел да празнуваме одговорно за заштита од КОВИД-19 во пресрет на новогодишните празници и апелираше за почитување на истите.
„Апелирам оваа година да празнуваме одговорно. Ова е време кога треба да одбележиме, а не да славиме. Секој од нас е повикан да биде одговорен за да не предизвикаме нов бран на епидемијата - токму сега кога сме на чекор до масовната вакцинација после која целиот свет очекува да се вратат нормалните услови за живот, работа и развој. Апелирам да се издигнеме над поединечниот личен интерес“, порача премиерот Заев и додаде дека државната помош и поддршка за најзагрозените сектори е во тек.
Министерот за здравство Филипче информираше за актуелната состојба и упати апел да не се излегува од дома без некоја голема потреба после 18:00 часот, за да се избегнат ризиците од формирањето на групи на граѓани. Осврнувајќи се на вакцината министерот Филипче рече дека земјата е подготвена за прием, дистрибуција и вакцинација за КОВИД-19.
„Во посета на сите економски оператори кои имаат капацитет за чување и дистрибуција на вакцините се уверив дека капацитетите се подготвени, останува во јануари да пристигнат и специјалните фрижидери кои ќе ја чуваат вакцината на „Фајзер“ која се складира на -70 степени преку донација. Со тоа ќе бидеме целосно подготвени. Активни сме на три полиња за набавка на вакцини. Едниот КОВАКС системот каде набавивме над 800 илјади дози за 400 илјади граѓани. Апелирам граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести. Вакцините се безбедни, тестирани, проверени и развиени на безбеден начин исто како и сите други вакцини кои денес ги користиме. Вакцините ќе бидат бесплатни за сите граѓани, приоритет ќе имаат здравствените работници, возрасните над 65 години и оние граѓаните со хронични кардиоваскуларни и белодробни болести“, посочи Филипче и додаде дека се следи и состојбата во регионот каде има некои трендови на забавување, но се уште има голем број на ново дијагностицирани и починати лица: Хрватска 65 починати во изминатото деноноќие, 44 во Словенија, 60 во Грција