
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Обвинувањата од страна на опозицијата за неуспешно работење на јавните претпријатија во Општина Битола се во најмала рака несериозни. Ова е само уште еден обид во кој безидејната ДПМНЕ се обидува да критикува она што не може да се критикува, стои во реакцијата на Методија Илиевски, советник од редовите на СДСМ.
.
-Не може да се критикува затоа што изминатите три години во јавните претпријатија во Општина Битола можеме да видиме дека пред се се работи отчетно, транспарентно и домаќински. Она што нивните претходници не успеаја да го направат во нивниот долг 10 годишен мандат, вредните директори на јавните претпријатија успеаја во овој краток период. Пред се да ги модернизираат и осовременат истите.
Денес, јавните претпријатија во Општина Битола бележат успеси и позитивни финансиски биланси, а не загуби и кривични пријави кои беа секојдневие во работата на нивните претходници, наведува Илиевски.