Во Ресен денеска свечено беше отворена новата ултра модерна градинка „Јаболче“.
Во присуство на градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпанска, денес свечено беше пуштен во употреба, новиот објект ,,Јаболче" во склоп на ЈОУДГ – ,,11-Септември".
Градинката ќе има капацитет од 102 деца, организирани во пет воспитно згрижувачки групи и ќе работи според највисоки стандарди.