АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Двајца битолчани на 69 и 77 години починаа ноќеска поради компликации предизвикани од Ковид-19. Во Инфективното одделение во Битола денеска се хоспитализирани 54 пациенти.
-Состојбата е променлива од ден на ден, но изминатава седмица намален е бројот и на прегледи, а не само на хоспитализации. Помалку прегледи има и во тријажниот дел и во ковид позитивниот дел“, изјави д-р Билјана Гагачевска, директор на Битолската клиничка болница.