После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола на 09 и 10 јануари, се повикуваат жителите кои претрпеле штета, да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во Општината
Во прилог на барањето потребно е да се достави: имотен лист/доказ за сопственост, копија од лична карта и број на трансакциска сметка.
Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.
Барањата можат да се доставуваат од вторник 12.01.2021 до 20.01.2021 од 09.00 до 15.00 часот.
Сподели