Утрово измерени се следните минимални температурии:
-15 Берово, Маврово
-14 Крушево, Претор
-13 Битола
-12 Охрид
-11 Крива Паланка
-10 Прилеп
   -8 Тетово
   -7 Штип, Струмица
   -6 Куманово, Демир Капија
   -5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Дојран
   -3 Гевгелија
 
Времето денеска ,17 јануари, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Во северните делови променливо облачно, во текот на ноќта со услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
 
 
Во наредните денови  следува период на стабилно, суво и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.
 
 
Извор: УХМР