АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По направените контроли кај 60 фирми, констатирале дека 16 не го исполниле условот за намален приход од 30%, додека 7 фирми спротивно на условите го намалиле бројот на вработени, од нив само еден ја вратил помошта. Додека две фирми не ги исполниле ниту двата услови. Фирмите ќе треба да ги вратат парите, но ќе одговараат и пред законот.
„Има обврска да ги врати во целост со камата, додека по контрола од УЈП или Инспекторат се утврди дека не ги исполнил условите пропоишани со уредбата./ За работодавач кој дал изјава за исполнетост на услови, а не ги исполнил ќе се применуваат уредби од кривичен закон. УЈП Соработува со ОЈО, за покренување на кривични.“ изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП.
Во врска со исплатата на плати, Државниот инспекторат за труд извршил 74 контроли и утврдил проблеми кај половина од фирмите. 41 фирма не исплатиле плати за месеците кога е дадена државната помош.